Продекан за финансии - доц. д-р Катерина Бојковска

 е-пошта:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Tab Title 1

Д-р КАТЕРИНА БОЈКОВСКА, доцент. Родена е на 15 мај 1981 година во Битола. Со основно и средно образование се стекнала во Битола, додека во 2003 година дипломирала на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола, Економски факултет во Прилеп. Постдипломските студии ги заврши на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Економски институт - Скопје стекнувајќи се со академско звање магистер на економски науки од областа агробизнис. На истиот институт успешно ја одбрани докторската дисертација на тема: “Креирање на меѓународни маркетинг стратегии за извоз на млеко и млечни производи на странските пазари” и се стекна со звањето доктор на економски науки. Во 2004 година е избрана како помлад асистент по група агроекономски предмети на Факултетот за биотехнички науки - Битола, а во 2008 година во асистент од областа на статистика, организациони науки и управување (менаџмент) во агроиндустријата и фармерското производство на истиот факултет. Во 2012 година е избрана во звање доцент од областите маркетинг, применета економија, економска статистика и друго на Факултетот за биотехнички науки, Универзитет “Св. Климент Охридски”- Битола. Изведува настава по предметите: Маркетинг на агропрехранбените производи, Пазар и промет на агропрехранбени производи, Анализа на работење на трговски друштва, Применета статистика, Трошоци и цени, Агробизнис менаџмент, Калкулации и Маркетинг менаџмент. Има учествувано во реализација на проект од програмата TEMPUS 2009-2012: “Using local resources for micro regional development – sustainable agribusiness and tourism in the Southern Balkans”, 159143-TEMPUS-1-2009-1-HU-TEMPUS-JCPR. Автор и коавтор е на 35 трудови публикувани во зборници на меѓународни и домашни научни собири и симпозиуми како и во научни списанија од областа на Агробизнис. Коавтор е и на универзитетски учебник „Статистика“ – збирка на решени задачи кој е од голема научно-стручна корист за студентите.

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Social networks

                   

satis-tempus

EBSCO

ebsco

Video

 

E-learning

 

Log in to iKnow system