проф. д-р Вангелица Јовановска

е-пошта:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Tab Title 1

10. Д-Р ВАНГЕЛИЦА ЈОВАНОВСКА, вонр. проф. по
технички науки, родена 1969 г. во Битола. Основно и средно
образование заврши во Битола, а дипломира на Универзитетот
„Св.Кирил и Методиј“, на Машински факултет - Скопје, отсек
термотехника и термоенергетика. Постдипломските студии ги
заврши на Машински факултет-Скопје, каде успешно го
одбрани својот магистерски труд од областа на Моторите со
внатрешно согорување и се стекна со звање магистер по
технички науки. На истиот факултет успешно ја одбрани и
докторската дисертација под наслов „Оптимирање на
функцијата на моторите СВС со погонско гориво биогас
произведен во дигестор за биомаса од земјоделието“ и се
стекна со звањето доктор по технички науки. Во 2002 г. беше избрана за асистент по
групата технички предмети, а во 2006 г. за доцент по група технички предмети на
Факултетот за биотехнички науки-Битола. Во 2010 г. беше избрана во вонреден
професор од областа на Земјоделско машинство и механизација на истиот факултет за
следните наставни предмети: Техника на ладење и греење, Машини и опрема за
преработка на анимални производи, Машини и опрема во агропрехранбената
индустрија, Опрема за преработка на млеко, Опрема за преработка на месо и
Земјоделска механизација. Својата стучно-образовна дејност успешно ја извршува со
реализација на одобрениот наставно-научниот план, студиската програма по трите
насоки и предметните програми за одделните предмети. Научно -стручната дејност ја
збогатува со објавените над 50 трудови публикувани во зборници од одржани
меѓународни и домашни собири и симпозиуми и во објавени списанија од научно- стручен карактер. Автор е на учебно помагало: Збирка задачи по техника на ладење и
греење, во кој целосно е развиена методологијата на решавање на овие задачи. Како
член на Матичната комисија за формирање на Ветеринарниот факултет што се отвори
во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во 2009 год., интензивно работи
на составување на Елаборатот, Наставната програма, Наставно-научниот совет,
административниот и останатиот дел од работниот колектив на овој факултет. Има
учествувано со активна работа на проектот за Социо-економски развој од поголем
размер: Компонента1: Техничка помош на физибилити студија за развој на технолошки
парк во Битола, 2003, European Agency for Reconstruction, како и во проект од
прогрмата TEMPUS, 2009-2012: “Using local resources for micro regional development –
sustainable agribusiness and tourism in the Southern Balkans”, 159143-TEMPUS-1-2009-1- HU-TEMPUS-JCPR. Ментор е на магистерски трудови на студенти од
постдипломските студии во областа во кое предава и Секретар на Наставницкиот совет
на втор циклус на студии на ФБН-Битола. Член е на Управниот одбор на кластерот за
Земјоделска механизација на Р. Македонија. Носител на златна плакета на USSAID за
развој и континуирана поддршка во развојот на Р. Македонија.

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Social networks

                   

satis-tempus

EBSCO

ebsco

Video

 

E-learning

 

Log in to iKnow system