Доц. д-р Дијана Блажековиќ Димовска

е-пошта:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Tab Title 1

Д-р Дијана Блажековиќ Димовска е родена на 20-03-1982 во Битола. Основно и средно образование завршила во Битола. Дипломирала на Факултетот за биотехнички науки, Универзитет “Св. Климент Охридски” - Битола, во 2004 година. Постдипломските студии ги завршила на Факултетот за земјоделски науки и храна, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, во 2009 година, стекнувајќи се со академско звање магистер на земјоделски науки од областа на технолошка микробиологија. Во 2013 година докторирала на Факултетот за биотехнички науки – Битола, на тема: „Паразитофауна и микози кај ципринидните риби во рибоодгледувачките објекти во Република Македонија”, стекнувајќи се со научен степен доктор на биотехнички
науки.  Во 2007 год. е вработена на Факултетот за биотехнички науки - Битола, како помлад асистент по група предмети: Зачински и лековити растенија, Амбалажирање и чување на анимални производи и Агроекологија, а во 2010 е избрана за асистент по група предмети од научните области: крмни растенија и технологија и техника на пакување. Во 2013 година е избрана за доцент на Факултетот за биотехнички науки – Битола.  Автор и коавтор е на околу 40 научни и стручни трудови, публикувани во меѓународни списанија и на меѓународни конгреси, конференции и симпозиуми од подрачјето на биотехничките науки. Коавтор е на Монографија со наслов “Рибната паразитофауна и рибите од Преспанското Езеро” издадена во 2012 година, на англиски јазик. Редактор е на следните публикации: “Вадемекум за безбедност и сензорен квалитет на храната” (издаден од Македонско - научно друштво - Битола, 2012 год.); “Фауна на ендохелминти кај рибите во големите езера во Р. Македонија и два нови паразитолошки трудови” (издадена од НУ Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”- Битола, 2012 год.) и “Битолската пелистерска планинарска ризична група” (издадена од НУ Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”- Битола, 2010 год.). Член е на Оценувачка комисија на 46, 47, 48, 49 и 50 - та Регионална Олимпијада на млади техничари и природници, во натпреварувачка област Применета биологија.

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Social networks

                   

satis-tempus

EBSCO

ebsco

Video

 

E-learning

 

Log in to iKnow system