Во рамките на проектот “ECO HUB”, финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, а под раководство на проф. д-р Дијана Блажековиќ – Димовска, на Факултетот за биотехнички науки – Битола се формира еколошко катчe што ќе претставува центриран простор што ќе се користи за инспирирање, подигнување и одржување на еколошката свест и реализирање на проекти и активности, едукација и обуки од областа на животната средина.

Како дел од овој проект, во ECO HUB – от, од страна на наставниот кадар на Факултетот одржани се повеќе работилници коишто се однесуваат на управување со отпадот од прехранбената индустрија, зголемување на зелените површини, намалување на емисијата на штетни гасови, рециклирање и зголемување на јавната еко свест за потребата од активно вклучување во заштита на животната средина.