Соопштенија за прв циклус

С О О П Ш Т Е Н И Е

Им се соопштува на студентите на Факултетот за биотехнички науки-Битола, дека:

  • Уписот на летниот семестар (втори, четврти, шести, осми) во академската 2023/2024 год.за студентите запишани на ПРВ, ВТОР И ТРЕТ ЦИКЛУС на студии за сите студиски програми ќе се врши од 12.02.2024 до 19.02.2024 година.
  • Студентите покрај уписот на летниот семестар, задолжително да го запишат семестарот во IKNOW системот со предходно пополнување на задолжителната анкета и да изберат предмети и предметни наставници од летниот семестар.
  • Студентите кои нема да се придржуваат кон предвидените рокови за запишување на семестар ќе платат надомест за ненавремен упис и заверка на семестар.

ВАЖНА НАПОМЕНА : СИТЕ СТУДЕНТИ ПРИ УПИС НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ДА СЕ ОБРАТАТ КАЈ КОРДИНАТОРОТ НА ЕКТС НА ФБН Проф.д-р ВЕСНА ПРОДАНОВСКА- ПОПОВСКА

Им се соопштува на студентите дека полагањето на втор колоквиум по предметите: Хемија и Хемиска безбедност на храна ќе се одржи на 17.01.2024 година во 9:00 часот во просториите на Факултетот.

Од предметниот професор

Им се соопштува на студентите дека полагање на прв колоквиум по предметот Хемија ќе се одржи на 28.11.2023 год. со почеток во 09:00 часот, додека полагање на прв колоквиум по предметот Хемиска безбедност на храна ќе се одржи на 04.12.2023 год. во 09:00 часот.

Од предметинот професор

Предавањата по предметот АГРОЕКОЛОГИЈА (изборен предмет) за студентите од VII. семестар на насоката „Квалитет и безбедност на храна“ според предвидениот распоред ќе се изведуваат секој понеделник од 9 часот во кабинет за информатика.

Дополнителни информации и консултации кај предметен професор доцент д-р Дарко Вељановски секој работен ден од 8 часот или на електронска адреса darko.veljanovski@uklo.edu.mk

Пријавување на кандидатите 02.10.2023 и 03.10.2023

Претходна проверка на знаењата на англиски јазик  03.10.2023

Објавување прелиминарна ранг-листа 04.10.2023

Објавување решение за прием на кандидатите 05.10.2023

Запишување на кандидатите 06.10.2023

Им се соопштува и се покануваат сите студенти од сите студиски програми од прва година (бруцоши) на 02.10.2023 година (Понеделник) во 11:00 часот ќе се одржи првиот академски час во просториите на Факултетот за биотехнички науки – Битола.

Пријавување на кандидатите 22.09.2023

Претходна проверка на знаењата на англиски јазик  25.09.2023

Објавување прелиминарна ранг-листа 26.09.2023

Објавување решение за прием на кандидатите 28.09.2023

Запишување на кандидатите 29.09.2023

ДОПОЛНИТЕЛЕН КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УКЛО ВО  2023/2024 ЗА ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК

Врска (линк) за регистрација на www.upisi.uklo.edu.mk каде треба да се пополни електронската пријава од iKnow-системот…

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат студентите дека испитите закажани за 15.09.2023 ќе се одржат на  18.09.2023 година, (понеделник), во 12 часот.

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат студентите дека испитите по Техника и технологија на ладење и греење, Машини и опрема за преработка на анимални производи и Опрема за преработка на месо ќе се одржат на  18.09.2023 година, (понеделник), во 12 часот.

Проф. Вангелица Јовановска

На 03.07.2023 (понеделник) во 10:00 часот во просториите на Факултетот за биотехнички науки се замолуваат да дојдат сите студенти кои е потребно да изведат практична настава заради добивање на инфорација и распоред за истата.

Им се соопштува на студентите дека полагањето на испитите за терминот закажан на 28.06.2023 се преместуваат на 30.06.2023 година во 11:00 часот.

Испитите кај проф. д-р Николлче Јанкуловски предвидени за ден 28.04.2023 се одлагаат за 05.05.2023 во 12 часот.

СООПШТЕНИЕ

 Им се соопштува на дипломираните и магистрираните студентите од прв циклус и втор циклус на студии кои ги завршија своите студии во академската 2021/2022 година на Факултетот за биотехнички науки, Битола, да си ги подгнат своите дипломи од 16.02.2023 до 28.02.2023 година во период од 10:00 до 13:00 часот кај службата за студентски прашања.

Факултет за биотехнички науки