ДЕКАН - Проф. д-р Џулијана Томовска

е-пошта:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Tab Title 1

Д-Р ЏУЛИЈАНАТОМОВСКА, редовен професор по хемија, и хемиски науки, родена на 1961 г. во Битола. Основно oбразование и гимназија заврши во Битола. Во 1985 г. дипломира на Хемискиот факултет во Скопје, додека во 2001 г. магистрира во Скопје во областа на биохемијата, на темата ,,Ефекти на температурата и времето на чување на серумот врз определувањето на активноста на некои ензими“. Во 2003 г. избрана е за асистент по предметот Хемија на Факултетот за биотехнички науки (ФБН) во Битола. Во 2005 г. докторира на Институтот по хемија при ПМФ во Скопје. Од 1.10. 2005 г. е избрана во звањето доцент по предметот Хемија на ФБН. Во последните години на Факултетот активно е вклучена во научно истражувачката работа од областа на хемијата, биохемијата и биотехнологијата. Автор и коавтор е во многу научни трудови објавени на симпозиуми за храна, конгреси на хемичари, микробиолози, биохемичари, медицинари, лаборанти, кардиолози, трансфузиолози биотехнолози итн. Во 2007 г. беше на студиски престој во Охајо, САД. За време на овој престој д-р Џ. Томовска посети повеќе лаборатории во Ohio Department of Agriculture at the Reynoldsburg Laboratoties, и тоа одделот за храна, одделот за млеко, одделот за микробиологија и одделот за вода и заштита на околината. За нејзината активност, за време на престојот беше наградена со соодветни сертификати. За време на посетата во САД, во Cincinnati Collage, Ohio (USA) презентира неколку трудови од својата научно-истражувачка активност. Од 2008 г. Д-р Џ. Томовска е избрана за вондреден професор на ФБН и се занимава со научно-истражувачка дејност, објавува трудови во списанија во земјата и во странство. Од областа на медицинската хемија и биохемијата д-р Џ. Томовска има направено испитувања на повеќе параметри во крвта со кои докажала за влијанијата на голем број фактори врз здраствената состојба на човекот. Така, дел од трудовите се однесуват на испитувања на ензимите (ALT, AST, LDH, CPK, ALP), холестерол, протеините, аполипопротеините, како и на ангиотензинг конвертинг ензимот (ACE-ензимот). Од областа на хемијата, биохемијата како и биотехнологијата на храна, испитувања има направено најмногу во млеко и млечни производи и тоа на пестициди, афлатоксини, антиоксиданси и др. Има објавено над 75 трудови. Има работено и на научни проекти од државен и меѓународен карактер (на FP7, Food Chemistry, Tempus Proјеct, Satis и др). Д-р Џ. Томовска е познат професор и научник со проучувањето на интересни теми од својата потесна стручност.

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ