Продекан за наука - доц. д-р Мила Арапческа

е-пошта:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tab Title 1

Родена е на 03.02.1973 година во Прилеп. Основно и средно образование завршила во Прилеп. Дипломирала на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, Република Србија во 1998 година. Постдипломските студии ги завршила на Природно - Математички Факултет, Институт за Биологија, Универзитет "Св. Кирил и Методиј" – Скопје во 2005 година, стекнувајќи се со научен степен магистер на биолошки науки. Докторирала во 2011 година на Природно - Математички Факултет, Институт за Биологија, Универзитет "Св. Кирил и Методиј" – Скопје и се стекнала со научен степен доктор на биолошки науки.

Во 2002 година на Факултетот за Биотехнички Науки, Универзитет "Св. Климент Охридски" – Битола е избрана во звање помлад асистент, во 2005 година во звање асистент од областа на биолошките науки, а во 2011 година во звање доцент од областитеБиологија и Биохемија. Изведува настава по предметите: Биологија, Клеточна биологија и хистологија, Биохемија, Стабилизација и стандардизација на агропрехранбените производи и Микробиологија на анимални производи.

Стручно се усовршувала преку студиски престој на Универзитет Rennes 1, Rennes, Франција (2003), реализиран во рамките на TEMPUS - Проектот ”Evolution et Integration Europeenne des formations en Biotechnologie” TEMPUS UM JEP 15041-2000 и студиски престој на Прехранбено – Технолошкиот Факултет, Универзитет "Јосип Јурај Штросмаер"– Осијек, Хрватска реализиран во рамките на билатералниот научно – истражувачки проект со Р. Хрватска "Идентификација на ботаничкото потекло и анализа на хемиските параметри на мед од подрачја во Македонија и Хрватска".

Автор и коавтор е на околу 50 научни и стручни трудови, публикувани во домашни и меѓународни списанија и на меѓународни конгреси и собири од областа на: биологијата, биохемијата и микробиологијата.

Tab Title 2

2000-2003: „Evolution et Integration Europeenne des formations en Biotechnologie” TEMPUS UM JEP 15041-2000

2004 - 2006: „Идентификација на ботаничкото потекло и анализа на хемиските параметри на медот од подрачја во Македонија и Хрватска“
(Билатерален меѓународен проект со Р. Хрватска. Министерство за образование наука)

2008-2009: „Екстракцја на етерични масла од зачински и лековити растенија“ (Развојно истражувачки проект. Министерство за образование и наука)

2009-2012: „Using local resources for microregional development sustainable agribusiness and tourism in the southern Balkans”
Tempus Project JP 159143

2011-2015: Omics Technologies for Crop Improvement, Traceability, Determination of Authenticity, Adulteration and Origin in Saffron” - SAFFRONOMICS
COST Action FA1101

2012-2014: Study of food irradiation technologies – needs and possibilities
International Atomic Energy Agency – IAEA

2012-2013: “Interactive Farmers Support System for Efficient water use management – RULAND”
IPA- Cross Border Programme, Greece –The Former Yugoslav Republic of Macedonia 2007-2013, From neibrohood to partnership 2007-2013

Tab Title 2

 

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ