Продекан за финансии - доц. д-р Катерина Бојковска

 е-пошта:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tab Title 1

Д-р Катерина Бојковска е родена на 15 мај 1981 година во Битола. Со основно и средно образование се стекнала во Битола. Во 2003 година дипломирала на Економскиот факултет во Прилеп, Универзитет “Св. Климент Охридски“ – Битола. Постдипломските студии ги заврши на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Економски институт - Скопје стекнувајќи се со академско звање магистер на економски науки од областа агробизнис. На истиот институт успешно ја одбрани докторската дисертација на тема: Креирање на меѓународни маркетинг стратегии за извоз на млеко и млечни производи на странските пазари и се стекна со научен степен доктор на економски науки.

Во 2004 година е избрана како помлад асистент по група агроекономски предмети на Факултетот за биотехнички науки - Битола, а во 2008 година во асистент од областа на статистика, организациони науки и управување (менаџмент) во агроиндустријата и фармерското производство на истиот факултет. Во 2012 година е избрана во звање доцент од областите маркетинг, применета економија, економска статистика и друго на Факултетот за биотехнички науки, Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. На 14.01.2013 година од Наставно-научниот совет на Факултетот за биотехнички науки – Битола избрана е за Продекан за финансии на Факултетот. Изведува настава по предметите: Маркетинг на агропрехранбените производи, Пазар и промет на агропрехранбени производи, Анализа на работење на трговски друштва, Применета статистика, Трошоци и цени, Агробизнис менаџмент, Калкулации и Маркетинг менаџмент.

Има учествувано во реализација на следните научно-истражувачки проекти:

-          TEMPUS 2009-2012: “Using local resources for micro regional development – sustainable agribusiness and tourism in the Southern Balkans”, 159143-TEMPUS-1-2009-1-HU-TEMPUS-JCPR.

-          IPA Cross border programme 2007-2013: “Regional Certification of Professional Skills on AGRO TOURISM sector”.

Автор и коавтор е на 37 трудови публикувани во меѓународни списанија и на меѓународни конгреси, конференции и симпозиуми од областа на Економијата и Агробизнисот. Коавтор е и на универзитетски учебник „Статистика“ – збирка на решени задачи како и на интерните скрипти Маркетинг на агроиндустриските производи и Трошоци и калкулации во фармерското производство и агропрехранбената индустрија, кои се од голема научно-стручна корист за студентите.

Има учествувано на голем број на семинари и работилници од областа на образованието, економијата и агробизнисот меѓу кои најповеќе се истакнуваат:

-          Проект на УСАИД Бизнис без граници”, Конференција: Што ние да правиме за малите и средни претпријатија (МСП)?, Фондација Бизнис Стартап Центар, 28-30 Ноември 2012 год., Битола;

-          Seminar and Panel Discussion on Integrated University organized at University “Goce Delcev” under the auspices at the  STREW TEMPUS SM 511355-2010 Building Capacity for Structural Reform in Higher Education of Western Balkan Countries, 4-5 June 2013 Stip, 6 June Bitola;

-          Презентација на податоци и пристап до податоци на регионално и општинско ниво”, Работилница организирана од страна на Државниот Завод за Статистика на РМ во соработка со УНИЦЕФ, 7 Февруари 2014 год., Битола.

Во 2012 и 2013 година од страна на Државниот испитен центар при Министерството за образование и наука избрана е за контролор на прашањата за екстерно испитување на учениците од средните училишта од Република Македонија од Економска и трговска струка. 

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ