проф. д-р Љупче Кочоски

е-пошта:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tab Title 1

 Д-Р ЉУПЧЕ КОЧОСКИ,универзитетски професор за ветеринарни науки, роден на 7. II 1963 г. во Битола. Основно училиште и гимназија заврши во родниот град. Во 1988 г. дипломира на Ветеринарниот факултет во Белград - отсек ветеринарна медицина. Во март истата година се вработи во Ветеринарниот институт во Скопје - Завод за репродукција, на работното место асистент по репродукција кај домашните животни, а од 1. 3. 2004 до 8. 11. 2007 после соединувањето на Ветеринарниот институт со Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, работеше на катедрата за Хистологија со Ембриологија. Во 1992 г. успешно ги заврши постдипломските студии од областа на репродукцијата кај домашните животни, додека во 1998 г. ја одбрани докторската дисертација, на тема „Можности за оплодување на јајце клетки од крави во invitro услови и во различни медиуми“ на Ветеринарниот факултет во Загреб и се стекна со звањето доктор по ветеринарни науки. Од 9.11.2007 е вработен во Факултетот за биотехнички науки во Битола, каде работи на Катедрата за ветеринарни науки, на предметите: хигиена, контрола и надзор на анималните производи, сензорна анализа, хигиена и здравје, Квалитет и безбедност на храната, пчеларство, зоохигиена и здравје како и анатомија и физиологија на домашните животни.Во периодот од 2010 до 2012 година ја вршеше функцијата декан на Факултетот. Во текот на својата работа д-р Љупче Кочоски активно е вклучен во спречувањето на стерилитетот кај кравите на општествените фарми низ Р. Македонија, како и во исполнувањето на обврските за производство на безбедна храна. Исто така активно учествува во испитувањата при повеќе проекти. Работејќи на проектот „Трансплантација на ембрионите кај домашните животни“ беше на специјализација од областа на ембриотрансферот кај кравите во Јапонија, а после тоа изведе субспецијализација во лабораторијата за invitro добивање на ембриони при AFRC Roslin Институтот во Единбург - Шкотска. Во текот на своето професионално усовршување престојувал и на повеќе други факултети и институти во светот. Активен член е на повеќе меѓународни организации од областа на репродукцијата: ESDAR, AETE и други Покрај тоа, д-р Љ. Кочоски активно учествува на повеќе домашни и странски конгреси од областа на биотехнологијата кај домашните животни. Со презентација на свои истражувања и проучувања. Од 1995 - 1998 година учествува во издавањето на списанието „MacedonianJournalofReproduction” кој од 1998 до 2001 беше главен и одговорен уредник. Од 2006 г. е вклучен во програмата на фирмата FrisianAgroconsultancy за спречување на стерилитетот во фармите во Русија, како стручен консултант. Учествува како соработник и главен истражувач на 10 научно-истражувачки проекти. Исто така активно учествувал на голем број научни собири од областа на ветеринарните науки. Досега има издадено две книги, „Ембриологија“ – учебник во 2004 година и „Практикум по Ембриологија“, во 2000 година. Исто така автор е и на две интерни скрипти „Хигиена контрола и надзор на анимални производи“, 2011, Сензорна Анализа, 2009, „Сигурносни и безбедносни системи во прехранбената индустрија“ 2010. Во текот на својата работа бил автор и коавтор на вкупно 120 научни трудови објавени во научни и стручни списанија од целиот свет.

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ