проф. д-р Трајан Дојчиновски

е-пошта:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tab Title 1

Д-Р ТРАЈАН ДОЈЧИНОВСКИ, редовен проф. за група
наставни предмети од областите: Применета економија,
Претприемништво, Статистика, Менаџмент на квалитетот
и осигурување во агропрехранбената индустрија. Роден е 1951
г. во с. Кукуречани, Битолско. Основно и средно образование
заврши во Битола. Дипломира на Универзитетот во Белград од
областа Агроекономијата. Со академското звање магистер на
економски науки се стекна на Економски факултет во Прилеп.
Докторира 2001 г. во Скопје и се здоби со академското звање
доктор по менаџмент. Во својот работен век заземаше видни
општествено-политички функции (член, после и претседател на
Извршен совет на Општината - Битола, секретар на
Секретаријатот за земјоделство, шумарство и водостопанство, директор на Државната
агенција за поттикнување на развојот на земјоделството во Р.М. Беше директор на ЗИК
„Пелагонија“ - ООЗТ „Даме Груев“ - Битола и подоцна ја вршеше функцијата и
началник на одделението за Министерството за земјоделие, шумарство и
водостопанство во Битола. Во Факултетот за биотехнички науки Битола е вработен во
2005 г., одржувајќи предавања од повеќе наставни области и заземајќи изборни
функции: член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кл. Охридски“ - Битола, раководител
на вториот циклус на студии (постдипломски) и од 2010 г. ја извршува функцијата
продекан за финансии на Факултетот. Тој е ангажиран професор и на други
високошколски установи во земјата. Д-р Т. Дојчиновски е научник од областа на
менаџментот и досега има објавено повеќе од 40 научни позиции во списанија и
зборници, активен учесник е на научни собири и симпозиуми од меѓународен и
државен карактер со свои трудови кои се објавуваат во одделни зборници. Воедно,
автор е на пет монографски трудови и учебници и тоа: Осигурување во
земјоделството- учебник (2005), Статистика-збирка на поставени и решени задачи
(2005), Статистика – учебник, Биостатистика- учебник, (2007), Основи на
економијата (2008) и Осигурување во агропрехранбената индустрија (2010). Се
занимава и со научно-истражувачка работа - работи на проекти од областа на
менаџментот во непосредното производство кои бараат повеќегодишно проучување.
Неговите предавања во електронска и писмена форма секогаш се достапни за
студентите. За својата долгогодишна успешна работа добитник е на голем број
награди, признанија.

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ