проф. д-р Димче Китановски

е-пошта:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tab Title 1

Д-Р ДИМЧЕ КИТАНОВСКИ, редов.проф. по биотехнички
науки, роден на 14. 10. 1950 г. во Битола. Основно и средно
образование заврши во Битола. Дипломира на Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј” - Скопје на Земјоделскиот факултет во
1976; магистрира на истиот Универзитетот во 1984 г.
Докторира на Универзитет за Прехранбени технологии – Пловдив, Р. Бугарија, во 2001 г. од областа Технологија на
месо и месни преработки на тема “Технолошки испитувања на
јунешкото место, од користени раси говеда“. Својот работен
век го започна во 1979 г. додека во настава повеќе е од 25
години - најпрво во ВЗШ од 22. 7.1984 год., а после на Факултетот од 1. 10. 1999 г.
Покрај наставно-научната работа заземаше повеќе раководни и изборни функции.
Беше директор на Вишата земјоделска школа во времето од 1992 -1996; декан на
Факултетот за биотехнички науки во периодот 2005 – 2009; продекан за наука и развој
на Факултетот од 2010 и член на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски”:
1988 -1990 и 1990-1992 г. Воедно беше член и на Ректорска управа на универзитетот
„Св. Климент Охридски” во периодот од 2005 - 2009. Настава изведува по наставните
предмети: Технологија на живинско месо, Говедарство, Зоотехника, Технологија на
јајца, Општо сточарство. Има објавено 43 стручно-научни трудови од областа што ја
предава како и учебник за предметот Технологија на живинско месо и јајца, во 2005
година. Редовно се занимава со научно-истражувачка работа. Беше раководител, член и
учесник во истражувачките проекти за проектот TEMPUS, во проектите
„Restructuration de programmes d`etudes en biotechnologies“ TEMPUS: JEP: 12-127-97,
„Appui au développement local de la filière caprine et formation francophone en
transformation artisanale du lait de petits ruminants”, COCOP Project“; „Réseau Balkanique
SAA (Science Agronomiques, Agroalimentaires)“. TEMPUS: JEP: 15046-2000. Од 2010 –
2013: работи на проектот „Using local resources for microregional development –
sustainable agribusiness and tourism in the southern Balkans“. По својата научна област
има изведено студиски престои во 1998 и 2000 год. на Универзитетот во Göttingen ,
Германија и на Универзитетот во Гент, Белгија. Во 1999 имаше студиски престои на
Универзитетите во Rennes and Nant, Франција, а во 2008 престојуваше на
Универзитетот во Graz – Австрија.

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ