проф. д-р Живко Јанкулоски

е-пошта:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Роден е 1956 г. Средно образование завршил во Битола. Дипломирал на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1980 година. Постдипломските студии ги завршил на истиот факултет, стекнувајќи се со академско звање магистер на земјоделски науки. Докторирал на Земјоделскиот факултет во 2000 година.


Наставно – научната дејност ја започнал во 1991 година како професор на Вишата земјоделска школа во Битола, а после нејзиното прераснување во Факултет за биотехнички науки (1999), д-р Живко Јанкулоски е редовен професор на истоимениот факултет по предметите: Агроекологија, Вовед во
растително производство, Фуражно производство, Зачински и лековити растенија, Поледелство, Амбалажирање на анимални производи, Еко-амбалажа. Наставно-научната дејност на проф. д-р Јанкулоски е од подрачјето на биотехничките науки.

Стручно се усовршувал во истоименото подрачје преку изведување на студиски престои во Франција во Compagnie Canal d Provence во Provence и Compagnie Nationale d Aménagement de la Région du Bas-Rhone et du Languedoc во Nimes (1985), во Фресно, САД на Државниот Универзитет Калифорнија (1985), на Универзитетот во Göttingen, Германија (1998), Универзитетот во Гент, Белгија (1998, 2000) и Универзитетите во Rennes and Nant, Франција (1999).

Во периодот од 1994 до 1998 година проф. д-р Живко Јанкулоски, два мандати бил член на наставно научниoт совет на Техничкиот факултет во Битола, како и член на Советот на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола. Од 2001 до 2006 г, два мандати бил продекан за финансии и наука на Факултетот за биотехнички науки. Два мандати (од 2000 до 2003) бил член на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола.

Од 2003 до 2006, два мандати претседател на Сенатот на Универзитетот „Св.Климент Охридски” – Битола.

Два мандати (од 2000 до 2006 г.) - член на Интеруниверзитетската конференција. Како претставник на Владата на Р. Македонија бил член на Советот на Институтот за сточарство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во периодот од 2004 до 2006 г. бил член на Комисијата за спречување на девијантни појави при Универзитетот во Битола.

Од 2002 до 2004 г. беше член, а од 2004 до 2006 г. член а истовремено и заменик претседател на Одборот за акредитација на високото образование во Р. Македонија.

Од 2010 г. е раководител на втор циклус студии на Факултетот за биотехнички науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.


Д-р Живко Јанкуловски има учествувано во реализација на проекти од програмата TEMPUS и научно-истражувачки проекти од областа на биотехничките науки. Автор и коавтор е на над поголем број научни и стручни трудови, публикувани во домашни и странски списанија и на меѓународни конгреси и собири, меѓу кои Европскиот конгрес за земјоделство во Стразбур, Светскиот самит за храна на FAO во Рим, Италија (1996) и Пан-Европскиот семинар во Букурешт, Романија (1996).

Д-р Живко Јанкулоски е автор на универзитетските книги: Основи на земјоделското производство (2001), Почва и клима, растенија (2002) и практикум: Почва, клима и растенија. 

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ