проф. д-р Стефче Пресилски

е-пошта:   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tab Title 1

ја и научните постигања доаѓале до израз во
непосредното производство.
8. Д-Р СТЕФЧЕ ПРЕСИЛСКИ, редовен професор, роден
1952 г. во село Трн, Битолско. Средно земјоделско училиште
заврши во Битола. Во 1977 г. дипломира на Земјоделскиот
факултетот во Скопје, додека во 1980 г. магистрира на
Институтот за економика кој работеше во составот на насоката
за Агроекономија при истиот факултет. Во 1981 г. беше
вработен во Земјоделската задруга во с. Дихово, додека во1987
г. се вработи во Вишата земјоделска школа како предметен
наставник по предметот Живинарство. Потоа, Пресилски
Стефче со успешна одбрана на докторската дисертација се
стекна со академското и научно звање доктор по земјоделски
научни.
Проф. д-р Стефче Пресилски од 1987 г. предаваше на
Вишата замјоделска школа по наставниот предмет Живинарство, а во континуитет и
на Факултетот за биотехнички науки каде до денес е во истата институција. Од 1996
година до 2000 г. во два мандати, покрај наставата, ја вршеше функцијата директор на
Вишата земјоделска школа. Од 26.12.2005 г. е избран во звањето вонреден професор и
предметен наставник по предметите: 1. Основи на преработка на сточарски
производи; 2. Неконвенционални извори на производство на млеко; 3. Производство и
познавање на млекото; 4. Конзумно млеко и киселомлечни производи и 6. Сиренарство
со масларство, при што се стекнал со драгоцено педагошко искуство. На Вториот
циклус студии ги предава наставните предмети: 1. Технологии за производство на
кондензирани и сушени млечни производи; 3. Нови технологии во преработката на
млекото и 3. Оцена на квалитетот на сточарските производи. Со неговата педагошка
дејност и стручна способност тој кај студентите успева да развие љубопитство и
интерес за наставната материја што ја предава. Д-р С. Пресилски, покрај наставната
дејност, познат е одличен стручњак и автор на забележителен број на позиции,
објавени во стручни и научни списанија и зборници на трудови од одржани научни
средби. Досега има објавени повеќе од 30 научни и стручни трудови во авторство и
коавторство во странство и во својата земја. Исто така автор е на поголем број скрипти,
учебници, практикуми и други одделни трудови. Меѓу нив попознати учебници му се:
Производство на сирење и путер - Битола, 2004 г. 2. Конзумно млеко и кисело млечни
производи, Битола 2005 г. и Неконвенционални извори на производство на млеко, Битола, 2006г. Д-р С. Пресилски е присутен и во научно-истражувачката дејност,
посебно во ТЕМПУС програмата и други проекти, каде беше раководител и член на
истражувачкиот тим. Прокетите се од научен и апликативен карактер кои после
завршувањето се вршела презентација и научните постигања доаѓале до израз во
непосредното производство.

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text....

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ