проф. д-р Митре Стојановски

е-пошта:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tab Title 1

Д-Р МИТРЕСТОЈАНОВСКИ, редовен проф. од областа на
добиточно производство и технологија на прехранбени – животински производи. Роден 1951 г. во с. Брод - Битолско.
Основно и средно образование заврши во Битола. Дипломира
на 30. 9. 1974 г. на Земјоделски факултет - Скопје, сточарска
насока; магистрира 1978 год. исто така на Земјоделски
факултет, Скопје од областа на сточарството. Докторира на 20.
5. 1994 год. на Земјоделски факултет, Скопје на тема: Влијание
на изворот на енергија врз продуктивните и репродуктивните
својства во раната лактација кај кравите од црно-белата
раса. Посебна наставно-научна стручност му е од областа: 1. Производство и преработка на месо и Свињарство и 2. Во
Факултетот настава изведува по наставните предмети: Производство и познавање на
месото, Неконвенционални извори на месо.Обработка на месо, Преработка на месо,
Производство на готови јадења и деликатесни месни производи, Основи за
производство и преработка на месо, Вовед во производството и преработката на
месо и Свињарство. Познавањето на странските јазици му овозможи продлабочување
на својата научна област. Во редовен работен однос во ВЗШ е од 1995 г. прво - избран
за предавач. 2. во доцент 2000 г., 3. во вонр. професор 2003 г. и 4. во 2005 г. избран во
редовен професор. Во време на работата вршеше функција на продекан за настава
2001-2005 г., беше член на Универзитетскиот сенат 1999-2007, претседател на
Комисијата за евалвација на Факултетот за биотехнички науки, член на Уредувачкиот
одбор на меѓународното списание Tehnologija mesa, Beograd, Srbija. Воедно е член на
Македонското научно друштво, Битола од 1992 г. Во последните учебни години
(2009/10) е ангажиран за редовен професор на Земјоделскиот факултет на
Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип за изведување настава на постдипломски студии
од областа за производство и преработка на месо. Тој е еден од петте доктори на наука
за основање на Факултетот за биотехнички науки во Битола. Д-р М. Стојановски е
познат научник од областа на производството и преработката на месо. Покрај другите
дејности се занимава и со научно-истражувачка работа и учествува во реализација на 4
ТЕМПУС проекти кои се реализирани во соработка со ино-партнери од Франција,
Германија, Белгија, Холандија и Португалија. Има објавено повеќе од 70 трудови од
својата потесна стручност во домашни и светски списанија и зборници на одржани
средба каде бил чест учесник. Автор и коавтор е на бројни скрипти, учебници,
практикуми, одделни монографски научни трудови и тоа со следниве наслови:
Упатство за водење на матично книговодство, оценување, класирање и тестирање
на приплодни говеда (1993), Тестпрашања и одговори похемија (1999); Операции за
обработка на месо(2003), Производство на сировините за прехранбената индустрија
(2003), Обработка и преработка на месо - три изданија(2007, 2008, 2009) Има
изведено студиски пресоти во повеќе земји о тоа: во 1998 г. во Getingen, Germanija, во
Gent, Belgija (и во 2000, 2002 и 2005г.), и во Ren, Francija; Coimbra, Portugal. Во 1999
год. имаше студиски престој во Ren i Nant Франција (2002 9 2003 г.).

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

 

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ