Проф. д-р Николче Јанкуловски, Продекан за меѓународна соработка и Еразмус координатор

Продекан за меѓународна соработка и Еразмус координатор / Vice Dean for International Cooperation and Erasmus Coordinator

Nikolce slika Docentе-пошта: nikolcejankulovski@yahoo.com и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Биографски податоци

Проф. д-р Николче Јанкуловски е роден 01.11.1983 година во Битола. Основно училиште завршил во Битола. Во гимназијата Јосип Броз - Тито” го завршил средното образование. Во учебната 2002/2003 година се запишал на Економскиот факултет, на кој на 25.09.2006, со одбрана на дипломската работа се стекнал со звање дипломиран економист.

Во учебната 2006/2007 година се запишал на последипломски студии на Универзитет "Св. Кирил и Методиј - Скопје. Во Септември 2008 година ги положил сите предвидени испити од последипломските студии. Со одбрана на магистерскиот труд на 10.11.2009 година, се стекнал со звање магистер на економски науки.

На Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - Скопје, на 01.12.2012 година, со одбрана на докторската дисертација се стекнал со научен степен – доктор на економски науки.

Од странските јазици активно го познава англискиот јазик.

Има учествувано на бројни семинари, работилници и конференции од областа на образованието и науката, како и од посебната стручност.

Од 16.10.2015 е продекан за наука и меѓународна соработка, како и Еразмус координатор на Факултетот за биотехнички науки – Битола. Истовремено, во рамките на Универзитетот “Св. Климент Охридски”– Битола е член на комисијата за соработка со универзитетите во земјата и странство.

Во периодот од 11.02.2016 до 27.03.2018 година е член на Комисијата за самоевалуација на Факултетот за биотехнички науки – Битола.

Од 31.10.2013 е член на Факултетскиот одбор за соработка и доверба на јавноста.

Oд 26.12.2016 година е член на координативното тело за организирање Универзитетска интерна конференција УИК 21.

Од 23.02.2018 година е претседател на Комисијата за издавачка дејност на Факултетот за биотехнички науки – Битола.

Проф. д-р Николче Јанкуловски е член на Здружението на агроекономисти на Република Македонија (ЗАЕМ), и е дел од мрежата за соработка на истражувачи од Западен Балкан, во областа на рурален развој.

Во текот на 2012 година бил обучувач на наставен кадар во средните училишта од битолскиот регион - “Модернизација на средното образование во Република Македонија”.

Во рамките на Еразмус+ програмата на Европската комисија има реализирано академска мобилност во периодот 30.03.2015 до 30.04.2015 година, на Аграрниот универзитет во Пловдив, Република Бугарија.

Од 2013-2017 година е член на Советот на општината Битола, како и претседател на комисијата за контрола на финансиското и материјалното работење, и член на комисијата за меѓународна соработка и комисијата за безбедност при општината. Во вториот мандат (2017-2021) е член на комисијата за финансии и комисијата за млади и спорт на општина Битола.           

Наставно – образовна дејност

Проф. д-р Николче Јанкуловски наставно-научната дејност ја започнал во 2006 година, вработувајки се во Факултетот за биотехнички науки – Битола како помлад асистент по група агроекономски предмети. Во  2009 година беше избран во соработничко звање - асистент. На 27.12.2012 година избран е во наставно-научно звање доцент во научните области: финансии, економски развој, економика на аграрот и шумарството и друго. На 10.07.2017 година е избран во звање вонреден професор.

Јанкуловски активно е вклучен во наставно-образовната дејност на трите циклуси студии на Факултетот за биотехнички науки – Битола.

Од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, со решение од 30.04.2015 година е констатирано дека ги исполнува условите за ментор во втор циклус на студии.

Проф. д-р Николче Јанкуловски бил ментор на повеќе дипломски работи, магистерски трудови, член на рецензиони комисии за избор во звање, како и изготвил мислења за изработени докторски дисертации. Активно учествува и во изработка на Елаборати за сите циклусии на студии на Факултетот за биотехнички науки – Битола.

Проф. д-р Николче Јанкуловски е автор на интерни скрипти Финансиски менаџмент и калкулации, Сметководство во агробизнис, Економика на агрокомплексот и Рурален развој.

Научна, стручна, истражувачка и апликативна дејност

Д-р Николче Јанкуловски, покрај наставно-образовната дејност, вклучен  бил и во реализација на следните проекти:

(2008 – 2009): Екстракција на етерични масла од зачински и лековити растенија, Развојно истражувачки проект, Министерство за образование и наука на Република Македонија.

(2009 - 2012): Using local resources for micro regional development sustainable agribusiness and tourism in the southern Balkans” – SATIS, Tempus JP 159143.

(2015 – 2017): Soil degradation assessment and rehabilitation strategies for sustainable land use planning” – TERRA MED, IPA Cross Border, Cooperation Greece - Republic of Macedonia.

(2012 - 2013): Interactive farmers support system for efficient water use management”, RULAND, IPA Cross Border Cooperation, Greece - Republic of Macedonia.

Проф. д-р Николче Јанкуловски е рецезент во меѓународните списанија:Economics World, David Publishing Company, New York иJhand Advanced Research Analysis & Publication.

Автор и коавтор е на околу 80 научни и стручни трудови, публикувани во домашни и меѓународни списанија и собири.

 

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ