Доц. д-р Дијана Блажековиќ Димовска

е-пошта:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tab Title 1

Д-р Дијана Блажековиќ Димовска е родена на 20-03-1982 во Битола. Основно и средно образование завршила во Битола. Дипломирала на Факултетот за биотехнички науки, Универзитет Св. Климент Охридски - Битола, во 2004 година, како првенец на генерација 2000 - 2004.

Постдипломските студии ги завршила на Факултетот за земјоделски науки и храна, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, во 2009 година, стекнувајќи се со академско звање магистер на земјоделски науки од областа на технолошка микробиологија.

Во 2013 година докторирала на Факултетот за биотехнички науки – Битола, на тема: „Паразитофауна и микози кај ципринидните риби во рибоодгледувачките објекти во Република Македонија”, стекнувајќи се со научен степен доктор на биотехнички науки.

Во 2007 год. е вработена на Факултетот за биотехнички науки - Битола, како помлад асистент, а во 2010 е избрана за асистент по група предмети од повеќе научни области.

Во 2013 година е избрана за доцент на Факултетот за биотехнички науки – Битола, каде ги предава следните предмети: Рибарство, Преработка на риби, Квалитет и безбедност на риби и рибни продукти, Хигиена и безбедност во аквакултурата и Споредни производи од анимално потекло.

Автор и коавтор е на голем број научни и стручни трудови, публикувани во меѓународни списанија и на меѓународни конгреси, конференции и симпозиуми од подрачјето на биотехничките науки.

Коавтор е на Монографија со наслов Рибната паразитофауна и рибите од Преспанското Езеро издадена во 2012 година, на англиски јазик.

Коавтор е на поглавието Hygiene in primary production – Fish hygiene од Food safety management – A practical guide for the food industry, ELSEVIER, 2014.

Редактор е на следните публикации: “Вадемекум за безбедност и сензорен квалитет на храната” (издаден од Македонско - научно друштво - Битола, 2012 год.); “Фауна на ендохелминти кај рибите во големите езера во Р. Македонија и два нови паразитолошки трудови” (издадена од НУ Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”- Битола, 2012 год.) и “Битолската пелистерска планинарска ризична група” (издадена од НУ Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”- Битола, 2010 год.).

Член е на Оценувачка комисија на 46, 47, 48, 49 и 50 - та Регионална Олимпијада на млади техничари и природници, во натпреварувачка област Применета биологија.

Учесник e во тимот за изработка на Стратегија за локален развој на општина Битола 2014 – 2018, сектор Животна средина.

Член е на Научниот одбор на Интернационалната Конференција за екосистеми(ICE), Тирана, Албанија.

Учесник е на бројни конференции, симпозиуми и конгреси каде настапувала со свои научни и стручни трудови. Реализирала неколку студиски престои од кои како позначајни ги истакнува: Georg August University - Göttingen, Германија (август 2008); Россиÿскоÿ Академии Наук (Руска академија на науките) - Москва, Русија (јули 2009); Newcastle UniversityNewcastle, Англија (јули 2013) итн.

Добитник е на стипендија во рамките на проектот Erasmus Mundus Sigma, каде во перидот од 1 – 30 април, 2014 реализирала студиски престој на Универзитетот во Варшава, Полска, при Биолошкиот Факултет, на Катедрите за паразитологија и хидробиологија. 

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ