НАДВОРЕШНА ЕВАЛУАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТ "СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"-БИТОЛА

На 10 и 11 мај 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе престојува експертски тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети со цел спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

Посетата на експертскиот тим е единствена можност за добивање надворешна, објективна оценка за работењето на Универзитетот од една престижна, независна Европска организација. Истовремено, надворешната евалуација е во функција на континуираниот развој на УКЛО, а пред се, на системот за обезбедување и унапредување на квалитетот.

Агендата на експертскиот тим предвидува средби со раководството на УКЛО, Комисијата за самоевалуација на Универзитетот, студенти, надворешни чинители, како и одвоени посети на неколку единици на Универзитетот.

Втората посета на тимот е закажана во периодот од 16 до 19 октомври, 2017 година.

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ