Факултетот за биотехнички науки (ФБН) е јавна државнависокообразовна и научна установа од областа на биотехничките науки. Овој факултет е единствениот од ваков вид на високообразовни установи во Р. Северна Македонија со свои карактеристични студиски програми. Од 1999/2000 год.Вишата земјоделска школа,согласно решението за работа од страна на Министерството за образование (бр.12-2920/2-1999) прерасна во Факултет за биотехнички науки.

Формално,Факултетот за биотехнички науки во Битола, е повисока развојна фаза на Вишата земјоделска школа која своите почетоци ги има од 1960 година.

Организацијата на високообразовната дејност на Факултетот се остварува прекуорганизирање разни видови и степени на високото образование:додипломски, постдипломски студии и стекнување научен степен доктор на науки како и прекуфундаментални, развојни и применети истражувања, изведување на комплексни научно-истражувачки проекти од поширок интерес за општествените дејности, курсеви, семинари, со кое се прошируваат и стекнуваат нови знаења и се усовршува кадарот.

Визија и вредности

Во текот на десетгодишното постоење, овој Факултет има оспособено прилично голем број на едуциран кадар, инженери (bachelor) и магистри (master) кои со своето знаење и стручност се вклученивопрехрамбениот сектор.

Отворањето на високообразовна Научна установа од ваков карактер значеше и пополнување на повеќедецениската празнина во високообразовниот систем за биотехнички науки и едуцирање на кадри од областа на  прехрамбената индустрија.