проф. д-р Вангел Стефановски

е-пошта:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Tab Title 1

Д-Р ВАНЃЕЛ СТЕВАНОВСКИ, универзитетски
професор, роден 1950 г. во с. Логоварди - Битолско,
дипломира на Земјоделско - шумарскиот факултет - Скопје,
1975 г., магистрира 1982 по слатководно рибарство на
Свеучилиште во Загреб (Р. Хрватска), а докторира во 2000 г.
на Факултет за ветеринарна медицина во Београд )Р. Србија).
Веднаш по дипломирањето се вработи во ТРО
„Центроколонијал” во Скопје. Во 1983 г. е избран за директор
во Центропроизводство ДООЕЛ Скопје, во чиј состав се
пастрмските рибници „Вруток” и „Бањица”, Гостиварско, а
1991 г. избран за професор на Вишата земјоделска школа во
Битола. Во 2001 г. е избран за доцент и држи предавања по
предметите Рибарство и Преработка на риба на Факултетот за биотехнички науки во
Битола, додека од 2005 г. е избран за вонреден проф. по истоимените предмети. Во
текот на својата работа има изведено едномесечен престој во колеџот за рибарство во
Ајдахо од 15-10 до 17-11-1995 г., на полето селекција и одгледување на виножитна
пастрмка; петнаесет дневен престој во Кристенсен, Данска. Во 1999 г. изведено десет
дневен престој во Институтот за Слатководно рибарство во Пловдив, Р. Бугарија.
Долгогодишната научно-апликативна работа кај д-р В. Стевановски беше крунисана со
добивање на сосема нова производна линија на пастрмка позната под името Златната
виножитна пастрмка. Воедно активно се занимава со научна, стручна и апликативна
работа и редовно учествува на научни и стручни собири од областа на рибарството во
земјата и странство со свои трудови изнесувајќи свои сознанија. Како резултат на
активната работа на полето на слатководното рибарство особено фармското
производство на пастрмка ја создаде новата производна линија на пастрмка позната
под името златна пастрмкаOnchorchyncus mykiss Walbaum, Stevanovski, која успешно
се одгледува во пастрмските рибници во Р. Македонија и странство. Д-р В.
Стевановски има објавено повеќе од 16 научни и стручни трудови во домашни и
странски списанија, изработил и голем број на технолошки програми за одгледување
на риба во рибарски фарми, како и книги наменети за едукација на студентите и
пошироко. Има изработено 9 проекти и проектни програми исто така од неговата
потесна област. Проектите се од апликативен и научно-стручен карактер. Познати
негови објавени одделни трудови (книги) од научени стручен карактер се:
Слатководно рибарство, (1998): 2. Специјално сточарство, (1999); 3) учебник,
Слатководно рибарство(2003 и во 2010 г. дополнето издание) и 3. основен учебник
Технологија на преработка и конзервирање на риби, Битола, 2010 г.

Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

Social networks

                   

satis-tempus

EBSCO

ebsco

Video

 

E-learning

 

Log in to iKnow system