Доц. д-р Елена Јошевска

е-пошта:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tab Title 1

Д-р ЕЛЕНА ЈОШЕВСКА е родена на 09.09.1982 год. во Битола. Основно и средно образование завршила во Битола. Во 2006 год., дипломирала на Факултетот за биотехнички науки во Битола, на насоката преработка на анимални производи со просечен  успех 9,56 како првенец на генерацијата, со што се стекнала со стручен назив Дипломиран инженер за преработка на анимални производи.

Во учебната 2006/2007 година се запишала на постдипломски студии на Факултетот за биотехнички науки-Битола, на студиската програма за квалитет и безбедност на месо и преработки од месо. Магистрирала во 2009 год. со одбрана на магистерскиот труд под наслов: “Компаративни показатели за квалитетот на јарешкото месо добиено од домашната балканска коза и мелези алпина од Ф1 генерација” .

Во 2013 година докторирала на Факултетот за биотехнички науки во Битола на тема: ‘’Влијанието на пробиотиците и пребиотиците врз квалитетот на ферментираните колбаси во својство на функционална храна”, стекнувајќи се со научен степен доктор на биотехнички науки.

Од 07.12.2007 година, е во работен однос како помлад асистент на Факултетот за биотехнички науки-Битола, а од 2010 и како асистент на истиот факултет. Во 2013 година е избрана во наставно-научно звање доцент од научната област Прехранбено инженерство.

Во нејзиниот досегашен работен ангажман, успешно изведува аудиторски и лабораториски вежби и теренска настава со студентите од четиригодишните и тригодишните студии на студиските програми на Факултетот, на катедрата за Технологија на производи и суровини од животинско потекло.

Стручно се усовршувала преку студиски престој на

1.         ‘’Georg August University’’ Göttingen, Germany, Albrecht von Haller Institute of Plant Sciences

2.         Руската Академија на науките- (GBS RAN), 127276, Москва,

Автор е и коавтор на 30 научни и стручни трудови, публикувани во меѓународни списанија и на меѓународни конгреси, конференции и симпозиуми од подрачјето на биотехничките науки.



Tab Title 2

Your text...

Tab Title 2

Your text...

КОНТАКТ

Ул.„Партизанска“б.б - Битола

Република Македонија

e-mail: info@fbn.uklo.edu.mk

Тел: +389 47 238 276

Факс: +389 47 226 220

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ